Извозот на домати на Турција во 2020 година се зголеми на 313 милиони 405 илјади долари

Според податоците на Унииите на извозниците од Југоисточно-анадолската област, извозот на домати на Турција во 2020 година се зголеми на 313 милиони 405 илјади долари

1561549
Извозот на домати на Турција во 2020 година се зголеми на 313 милиони 405 илјади долари

Извозот на домати на Турција во минатата (2020) година се зголеми на 313 милиони 405 илјади долари.

Според податоците на Униите извозниците од Југоисточно-анадолската област, во 2020 година и покрај држењето ниско од страна на квотата на доматите од Турција и новиот тип коронавирус (Ковид-19) се надминати бројките во извозот на домати во 2019 година.

Извозниците кои се усмерија кон различни земји како Романија, Украина, Белорусија, Сирија, Германија и Полска остварија продажба на домати во 51 земја и заработија приходи во износ од 313 милиони 405 илјади долари.

Во 2019 година беше остварен извоз на домати во износ од 304 милиони 440 илјади долари.

Земја во која е остварен најголем извоз на домати минатата (2020) година е Русија со 62 милиони 217 илјади долари.

Романија пак, е регистрирана како земја во која е постигнат највисок раст во извозот на домати во споредба со 2019 година. Турција во 2019 година во Романија реализира извоз на домати од 36 милиони 392 илјади долари, додека оваа бројка во 2020 година со раст од 38 отсто се зголеми на 50 милиони 332 илјади долари.

По Романија која се најде на второ место, следуваат Украина со 36 милиони 563 илјади долари и Бугарија со 28 милиони 818 илјади долари.

 



Слични вести