Раст на извозот на Турција во САД и Кина во 2020 година

Во извозот на Турција во 2020 година во САД и Кина е остварен раст од 12,2 отсто и достигна до 8 милијарди 859 милиони 344 илјади долари

1560370
Раст на извозот на Турција во САД и Кина во 2020 година

Извозот на Турција во Соединетите Американски Држави (САД) и Кина,  минатата година и покрај епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) забележа раст.

Според сумираните податоци од Собранието на извозниците на Турција (ТИМ), извозот на Турција во САД во 2019 изнесуваше 7 милијарди 893 милиони 415 долари, а во 2020 година со раст од 12,2 отсто се зголеми на 8 милијарди 859 милиони 344 илјади долари.

Остварената надворешна продажба за Кина пак, со раст од 2,8 отсто од 2 милијарди 582 милиони 580 илјади долари се искачи на 2 милијарди 654 милиони 539 долари.

Минатата година најголемиот извоз во САД е остварен во автомобилската индустрија во износ од 951 милион 071 илјада долари. 

По автомобилската индустрија следуваат секторот на теписи со  извоз од 932 милини 355 илјади долари, хемиски супстанции и нивни производи од 835 милиони 823 илјади долари, готова облека и конфекција 793 милиони 627 илјади долари и секторот за одбранбена и воздухопловна индустрија во износ од 784 милиони 227 илјади долари.

Минатата година најголемиот извоз во Кина е остварен во рударските производи во износ од 1 милијарда 290 милиони 658 илјади долари.

По овој сектор следува надворешната продажба во хемиски супстанции и нивни производи во износ од 299 милиони 140 илјади долари, железо и метали надвор од железо 202 милиони 507 илјади долари, електро-електроника 110 милиони 807 илјади долари, намештај хартија и шумски производи во износ од 90 милиони 080 илјади долари.

 



Слични вести