Турција минатата година од извозот на риба хамси заработи приближно 9,7 милиони долари

Турција минатата година од извозот на 2.199 тони риба хамси во 28 земји во светот заработи приходи во вкупен износ од 9 милиони 691 илјада долари

1560138
Турција минатата година од извозот на риба хамси заработи приближно 9,7 милиони долари

Турција минатата година од извозот на риба хамси во 28 земји во светот заработи приходи од 9 милиони 691 илјада долари.

Според сумираните податоци од Унијата на извозниците од Источно-црноморската област (ДКИБ или DKİB), извозот на риба хамси на Турција во 2020 година во споредба со претходната (2019) година на количинска база со раст од 10,1 отсто изнесуваше 2.199 тони.

На тој начин, од надворешната продажба на риба хамси во 2020 година се обезбедени приходи во износ од 9 милиони 691 илјада 186 долари.

Најголемиот извоз на хамси е остварен за Франција и тоа во износ од 3 милиони 497 илјади 768 долари.

По оваа земја пак, редум следуваат Белгија со извоз од 3 милиони 343 илјади 984 долари и Германија со 944 илјади 961 долар.

Различно од претходната (2019) година, минатата (2020) година беше остварена продажба на риба хамси од Турција и во земји како што се Грција, Израел, Русија, Бугарија, Кувајт, Казахстан, Сингапур и Хонгконг.



Слични вести