Елон Маск стана најбогатиот човек на светот

Растот на акциите на „Tesla“ во текот на вчерашниот ден од над 5 отсто, му овозможи на сопственикот на компанијата Елон Маско да се искачи на првото место на списокот на најбогатите 500 луѓе во светот

1559985
Елон Маск стана најбогатиот човек на светот

Високиот раководител основачот на американскиот производител на електронски возила „Tesla“ и на „SpaceX“ Елон Маск, оставајќи го зад себе Џеф Безос, основачот и директорот на „Amazon“ стана најбогатиот човек на светот чие богатство се проценува на некаде околу 188,5 милијарди долари.

Растот на акциите на „Tesla“ во текот на вчерашниот ден од над 5 отсто, му овозможи на сопственикот на компанијата Елон Маско да се искачи на првото место на списокот на најбогатите 500 луѓе во светот.

Според индексот на милијардери на „Bloomberg“, Елон Маск со богатство од 188,5 милијарди долари се искачи на чело на списокот, оставајќи го притоа зад себе Џеф Безос, основачот и директорот на „Amazon“ кој од октомври 2017 година се наоѓаше на првото место, а чие богатство се проценува на некаде околу 184 милијарди долари.

Компанијата на Маск за производство за електрични автомобили „Tesla“ доживеа голем раст во 2020 година, а оваа недела за првпат достигна пазарна вредност од 700 милијарди долари.

Растот на акциите на „Тесла“ во последната една година изнесува околу 743 отсто.

Инаку, Елон Маск во интервјуто што го даде минатиот месец истакна дека материјалноста имаат многу мало значење за него и дека освен неговите акции во „Tesla“ и „SpaceX“ располага со мошне мало богатство. Маск исто така рече дека вистинската цел на неговото богатство е да ја забрзна еволуцијата на човештвото кон цивилизација која ќе патува во вселената.

Во 2020 година богатството на 500 најбогати луѓе милијардери на светот со раст од приближно 1,8 трилиони долари достигна до вкупно 67,6 трилиони долари.

 



Слични вести