Светската банка прогнозира раст за турската економија во 2020 година од 0,5 отсто

Светската банка го објави својот Извештај за глобални економски очекувања за месец јануари 2021 година според кој турската економија во 2020 година оствари раст од 0,5 отсто

1558179
Светската банка прогнозира раст за турската економија во 2020 година од 0,5 отсто

Светската банка предвидува дека турската економија во 2020 година оствари раст од 0,5 отсто.

Светската банка го објави својот Извештај за глобални економски очекувања за месец јануари 2021 година.

Во извештајот се истакнува дека поради пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) се очекува глобалната економија во 2020 година да се намали за 4,3 отсто, во 2021 година да оствари раст од 4 отсто и во 2022 година раст од 3,8 отсто.

Во извештајот се предвидува во 2020 година да се намалат економиите на голем број земји, додека внимание привлекуваат земјите за кои се очекува да покажат перформанс на раст како што се Турција, Кина, Египет и Бангладеш.

Во извештајот исто така се вели дека очекувањата за раст во врска со турската економија се за 2020 година 0,5 отсто, за 2021 година 4,5 отсто и за 2022 година раст од 5 отсто.



Слични вести