Министерот за трезор и финансии Лутфи Елван: 2021 година ќе биде реформска година фокусирана на макроекономската стабилност

Министерот за трезор и фенансии Лутфи Елван информира дека 2021 година ќе биде реформска година фокусирана на макроекономската стабилност

1557180
Министерот за трезор и финансии Лутфи Елван: 2021 година ќе биде реформска година фокусирана на макроекономската стабилност

Министерот за трезор и фенансии Лутфи Елван во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер изнесе проценки во врска со монетарната и финансиска политика којашто ќе се применува во 2021 година, по соопштената инфлациона стапка денеска од страна на Институцијата за статистика на Турција (ТУИК).

Министерот Лутфи Елван информира дека 2021 година ќе биде реформска година фокусирана на макроекономската стабилност.

Велејќи дека во борбата против инфлацијата ќе се презентира одлучен став со холистички приод, Елван рече: „На монетарната политика ќе и дадеме поддршка со чекори коишто се преземаат во институционална димензија. 2021 година ќе биде реформска година фокусирана на макроекономската стабилност.“ 

Министерот за трезор и финансии Лутфи Елван укажа дека потребата од дополнителна поддршка што би можеле да ја донесат епидемиските услови во овој период кога монетарната политика се обликува фокусирано на инфлацијата ќе се обезбедува преку селективни и целни политики за јавни финансии.

Министерот Елван воедно напомена дека ќе бидат преземени и мерките со коишто финансиската дисциплина ќе се здобие со квалитетна и стабилна структура.

Инфлационата стапка во декември 2020 година оствари раст од 1,25 отсто, а на годишна база инфлационата стапка изнесува 14,60 отсто.



Слични вести