Низ гасоводот „Турски тек“ во 2020 година во Европа се испорачани 5,8 милијарди кубни метри гас

Низ гасоводот „Турски тек“ во 2020 година во Европа се испорачани 5,8 милијарди кубни метри гас за потрошувачите во Бугарија, Грција, Северна Македонија и Романија

1556492
Низ гасоводот „Турски тек“ во 2020 година во Европа се испорачани 5,8 милијарди кубни метри гас

Низ гасоводот „Турски тек“ со чие посредство природниот гас од Русија се испорачува во Турција и преку Турција во Европа, во текот на минатата 2020 година се превезени 5,8 милијарди кубни метри гас.

Акционерското друштво за превезување на гас „Турски тек“ природниот гас на компанијата Јужен тек од Терминалот за добивање гас Кијиќој без проблеми и без прекин го превезе до Станицата за мерење и компресор Истранџа во Бугарија.

На тој начин, 5,8 милијарди кубни метри природен гас којшто е превезен низ „Турски тек“ во 2020 година им е доставен на потрошувачите во Бугарија, Грција, Северна Македонија и Романија.

Гасоводот „Турски тек“ кој се состои од две морски линии (крака) во должина од по 930 километри коишто од рускиот град Анапа се протегаат до Кијиќој и два одделни копнени линии (крака) во должина од по 142 километри и 70 километри.

Заклучно со 30 декември 2019 година е доведен во готова состојба за протек на гас и официјално е отворен на 8 јануари 2020 година од страна на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин.

Гасоводот „Турски тек“ има две линии од кои секоја одделно со капацитет од 15,75 милијарди кубни метри гас вкупен капацитет од 31,5 милијарди кубни метри гас.

Првата линија обезбедува проток на гас за Турција, а од втората линија со посредство на гасоводите од страна на Акционерското Друштво за превезување гас „Турски тек“ формирано во корпорација на Акционерското Друштво за транспорт на нафта (БОТАШ) и Газпром; се пренесува гас во Европа.

 



Слични вести