Туркиш Ерлајнс стана втора авиокомпанија со најголем број летови во Европа во 2020 година

Според годишниот извештај на Европската организација за безбендост на воздушната навигација (ЕУРОКОНТРОЛ), Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) стана втора авиокомпанија со најголем број летови во Европа во 2020 година

1556198
Туркиш Ерлајнс стана втора авиокомпанија со најголем број летови во Европа во 2020 година

Турската виокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) со остварени дневно по 626 летови во 2020 година стана втора авиокомпанија со најголем број летови во Европа.

Според годишниот извештај на Европската организација за безбендост на воздушната навигација (ЕУРОКОНТРОЛ), во Европа кадешто во 2019 година беа остварени 11,1 милион летови, во 2020 година е доживеана загуба од 6,1 милион летови.

Во 2020 година во Европа беа остварени приближно 5 милиони летови.

Во извештајот се истакнува дека заедно со распространувањето на вакцините против новиот тип коронавирус (Ковид-19) се очекува тоа да влијае позитивно на воздухопловството во Европа и да се постигне стабилен напредок во оваа сфера.

Ирската нискотарифна авиокомпанија "Рајанеир" (Ryanair) која минатата (2020) година оствари дневно по 951 лет е авиокомпанија со најголем број остварени летови во Европа.

Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) со дневно по 626 летови во 2020 година е втора авиокомпанија по бројот на остварени летови. 

Туркиш Ерлајнс во 2019 година со остварени дневно по 1.331 лет се наоѓаше на четврто место во истиот список.

Една друга турска авиокомпанија "Пегасус" со остварени дневно по 261 лет во 2020 година се најде на десетото место. 

Од друга страна, Истанбулскиот Аеродром минатата (2020) година со остварени дневно по просечно 504 летови го зазеде своето место во списокот како петти аеродром по бројот на остварени летови во Европа.

Аеродромот "Сабиха Ѓокчен" пак, со остварени дневно по 339 летови минатата (2020) година стана осми аеродром по бројот на остварени летови во Европа.

 



Слични вести