Велика Британија утре првиот Договор за слободна трговија ќе го потпише со Турција

Со новата регулатива се очекува да се одржи постојниот трговски поредок меѓу Лондон и Анкара

1553161
Велика Британија утре првиот Договор за слободна трговија ќе го потпише со Турција

Обединетото Кралство соопшти дека првиот Договор за слободна трговија по договорот со ЕУ ќе го постигне со Турција.

Во соопштението кое беше објавено од страна на  британското Министерство за трговија беше наведено дека утре страните ќе го потпишат договорот.

Со новата регулатива се очекува да се одржи постојниот трговски поредок меѓу Лондон и Анкара, но министерот за трговија Лиз Трус, изјави дека подоцна со Турција сакаат да потпишат договор кој ќе биде подготвен според барањата.

Островската земја, која од 1 јануари ќе биде отпуштена од Европската унија, ги обновува трговските договори со земјите додека беше членка на ЕУ, но овојпат независно од ЕУ.

Британската министерка Трус рече:

„Се надеваме дека новиот договор ќе обезбеди продолжување на бесцаринската трговија и ќе ги подобри деловните односи. Договорот значи безбедност на работното место за илјадници луѓе во текстилната, автомобилската и челичната индустрија во Велика Британија“.

Според министерството за трговија, обемот на трговската размена меѓу Турција и Велика Британија во 2019 година изнесуваше 18,6 милијарди фунти. Министерството меѓудругото соопшти дека  по Јапонија, Канада, Швајцарија и Норвешка, Владата на Лондон најголемиот петти трговски договор ќе потпишат со Турција.

Велика Британија досега потпиша трговски договори со 62 земји.



Слични вести