Туркиш Ерлајнс: Од 30 декември се воведува задолжителен негативен тест за влез во Турција

Туркиш Ерлајнс соопшти дека е одложено за два дена применувањето за задолжително приложување на негативни RCR тестови (ПЦР тестови) за Ковид-19 кои нема да бидат постари од 72 часа пред полетувањето и дека ова применување ќе почне да важи од 30 декември

1552617
Туркиш Ерлајнс: Од 30 декември се воведува задолжителен негативен тест за влез во Турција

Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) соопшти дека применувањето за приложување на негативен RCR тест за Ковид-19 за летовите за Турција ќе започне од 30 декември.

Во објавеното соопштение на официјалниот профил на Туркиш Ерлајнс на социјалната медија се истакнува дека е одложено за два дена применувањето за задолжително приложување на негативни RCR тестови (ПЦР тестови) за Ковид-19 кои нема да бидат постари од 72 часа пред полетувањето.

Во соопштението се вели дека применувањето ќе важи за летовите од 30 декември. 

„Нашите патници кои нема да ги приложат своите негативни RCR тестови (ПЦР тестови) во печатена или дигитална форма, нема да им биде дозволено да се качат во авионот. За нашите патници деца под 6 годишна возраст не е задолжително (не мораат) да приложат негативен тест.“ - стои во соопштението на Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс).

 



Слични вести