Министерката Пекџан: „Будно и внимателно го следиме процесот Брегзит“

Нашиот нацрт договор е подготвен за потпишување

1552679
Министерката Пекџан: „Будно и внимателно го следиме процесот Брегзит“

 

Турција, со цел да го спроведе Договорот за слободна трговија со Англија, будно го следи процесот Брегзит (излезот на Велика Британија од Европската унија (ЕУ)).

Според соопштението на Министерството за трговија, 19-от Состанок на Советодавниот одбор на Министерството се одржа со видео конференција под претседателство на министерката Рухсар Пекџан.

Пекчан во говорот на состанокот,  посочи дека будно и внимателно го следат процесот на Брегзит,

„Ние овој процес го следиме скоро без здив, од минута во минута, од час во час, така што со завршувањето на преговорите меѓу ЕУ и Велика Британија, ќе можеме да го ставиме во сила нашиот договор за слободна трговија“.

Објаснувајќи дека оствариле многу контакти на високо ниво како и технички состаноци на оваа тема, Пекџан рече:

„Нашиот нацрт договор е подготвен за потпишување. Декларирано е дека во принцип е постигнат компромис помеѓу Велика Британија и ЕУ. Се разбира, не можевме да потпишеме договор за слободна трговија со Велика Британија пред да се заврши договорот (меѓу ЕУ-Велика Британија) поради нашите обврски кон ЕУ. Ние го следиме развојот на настаните, меѓутоа за истовремено стапување на сила на нашиот договор со ЕУ и договорот за слободна трговија на Турција со Велика Британија, во ние продолжуваме да работиме синхронизирано со двете страни“.

„Нашата цел е овој договор што е можно побрзо да го потпишеме. Нашиот нацрт договор е подготвен“ рече Пекџан и подвлече:

„Само ЕУ треба да ги земе ставовите на својот парламент и 27 земји. Ние продолжуваме со нашата работа на тоа како можеме да го забрзаме тој процес, поради што водиме преговараме и со ЕУ и со Велика Британија. Ние во суштина сме подготвени“.

 



Слични вести