Анталија во 2020 година ја посетија приближно 3,5 милиони странски туристи

Анталија во 2020 година ја посетија приближно 3,5 милиони странски туристи, а Турција пречека вкупно 14 милиони 486 илјади 632 посетители

1551941
Анталија во 2020 година ја посетија приближно 3,5 милиони странски туристи

Градот Анталија во 2020 година го посетија приближно 3,5 милиони туристи.

Анталија како наш познат туристички центар на средоземноморските крајбрежја на Турција кој се истакнува со своите историски и природни убавини, античките градови, луксузните постројки за престојување, морето, песокта и сонцето, ги остави зад себе своите ривали со здравите и безбедносните услуги коишто им ги понуди на своите посетители во периодот на новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Анталија од почетокот на годината до 22 декември пречека вкупно 3 милиони 410 илјади 043 странски туристи.

Во градот кадешто се преземени строги мерки во секоја сфера од аеродромот до трансферот, од влезот во хотелот до собите за престој и до рестораните и плажите, најголем број туристи дојдоа од Русија. 

Од Русија допатуваа на одмор во Анталија приближно 1,5 милиони гости.

Валијата на Анталија Ерсин Јазиџи истакна дека здравиот и безбеден туризам што се нуди претставува пример и за светските земји.

Привлекувајќи внимание дека е нудена туристичка услуга во светски стандарди, Јазиџи рече: „Туристите се вратија задоволни од градот. Секторот презентира примерен успех. Додека не можат да бидат отворени хотелите во голем број земји на средоземноморските крајбрежја кои располагаат со карактеристики слични со нашите како море, сонце, беа многу добри нашите проценти на исполнетост во Анталија најмалку во текот на три месеци. Со добивање на сертификатот за безбеден и здрав туризам, им дадовме доверба на нашите гости. И тоа обезбеди предност.“

Воедно и Министерството за култура и туризам соопшти дека до декември оваа година Турција ја посетија 14 милиони 486 илјади 632 лица.

Земја која испрати најголем број посетители во Турција во периодот јануари-ноември, е Руската Федерација со 2 милиони 038 илјади 380 лица. Во истиот период од Бугарија дојдоа 1 милион 140 илјади 739 посетители, а од Германија 1 милион 071 илјада 782 посетители. 

Според редоследот на земји кои испратија најмногу посетители по Германија, следуваат Украина и Велика Британија.

 



Слични вести