Унгарија ќе купи од Турција 40 оклопни возила 4х4

Потсекретарот на унгарското министерство за одбрана Гаспар Марот истакна дека во рамките на програмата којашто е подготвена со цел да се зголеми одбранбената сила на армијата е потпишан договор за набавка од Турција на 40 оклопни возила 4х4

1550890
Унгарија ќе купи од Турција 40 оклопни возила 4х4
ejder yalçın.jpg

Потсекретарот на унгарското министерство за одбрана Гаспар Марот во дадената изјава за унгарската новинска агенција „МТИ“ истакна дека неговата земја порача да купи од Турција 40 оклопни возила 4х4.

Гаспар Марот рече дека со програмата којашто е подготвена со цел да се зголеми одбранбената сила на армијата имаат за цел да купат повеќе од 300 оклопни возила.

Марот информира дека во рамките на оваа програма, е потпишан договор за набавка од Турција на 40 оклопни возила 4х4.

Инаку, Унгарија е шестата земја во светот и првата земја во Европската унија (ЕУ) која за обезбедување на потребите на своите безбедносни сили го купи турското оклопно возило „Еждер Јалчин“ (Ejder Yalçın).
 



Слични вести