Украинскиот претседател Зеленски и се заблагодари на турската фирма за навремено завршените работи

Украинскиот претседател Володимир Зеленски и се заблагодари на турската фирма „Групацијата на компании Онур Таахут“ за навремено завршените работи

1551422
Украинскиот претседател Зеленски и се заблагодари на турската фирма за навремено завршените работи

Украинскиот претседател Володимир Зеленски и се заблагодари на турската фирма „Групацијата на компании Онур Таахут“ за навремено завршената изградба на мостоѕ во градот Запорожје.

Според објавеното соопштение од претседателството на Украина, претседателот Зеленски свечено го отвори првиот дел на изградениот мост.

Во говорот што го одржа во оваа пригода, Зеленски истакна дека во рамките на проектот за "Голема изградба" во земјата оваа година е завршена изградбата на 100 моста, а воедно појасни дека проектот за којшто станува збор е едниот од најголемите и најзначајните меѓу нив. 

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, потсетувајќи дека изградениот мост е во должина од 9 километри  и се заблагодари на изведувачот на проектот турската фирма „Групацијата на компании Онур Таахут“ за навремено завршената работа. 



Слични вести