Турција во 2020 година од 8 милиони пчеларници произведе 110 илјади тони мед

Турција во 2010 година имаше 5,6 милиони пчеларници, односно пчелини семејства, додека заклучно со годинава (2020) оваа бројка е зголемена на 8 милиони пчеларници

1551081
Турција во 2020 година од 8 милиони пчеларници произведе 110 илјади тони мед

Во Турција како земја која се наоѓа меѓу најголемите производители на мед во светот, во 2010 година имаше 5,6 милиони пчеларници, односно пчелини семејства, додека заклучно со годинава (2020) оваа бројка е зголемена на 8 милиони пчеларници.

„Акциониот план за медени шуми“ којшто е применуван од страна на Генералната дирекција за шумарство, го зголеми ѝ бројот на пчеларници, пчелини семејства ѝ производството на мед во Турција. Така производството на мед кое во 2010 година изнесуваше 81 илјада тони оваа (2020) година се зголеми на 110 илјади тони.

Генералната дирекција за шумарство која отвори 75.274 хектари површина во земјата за употреба на пчеларите, во сферата на боровиот мед располага со светски резерви во секои области на Турција, а пред се во подрачјето на градот Мугла формира вкупно 585 медени шуми.

Вредноста на суровата берза на производството на мед во Турција достигна до 450 милиони долари и од тоа обезбедуваат дополнителни приходи од пчеларство приближно 150 илјади семејства. Додатната вредност од ова производство пак, се претпоставува дека достигна до приближно 1 милијарда долари.

Генералната дирекција за шумарство има за цел производството на мед во 2023 година да го зголеми годишно на 125 илјади тони од кои 49 илјади тони боров мед, а бројот на медените шуми да го зголеми на 720.

 



Слични вести