Аеродромите во Истанбул за 11 месеци ги користеа 37 милиони 514 илјади 850 патници

Државното претпријатие за менаџмент со аеродромските услуги (ДХМИ или DHMİ) соопшти дека за 11 месеци оваа (јануари-ноември, 2020) година од и за аеродромите во Истанбул се реализирани вкупно 321.642 летови се превезени 37 милиони 514 илјади 850 патници

1549708
Аеродромите во Истанбул за 11 месеци ги користеа 37 милиони 514 илјади 850 патници

Во периодот од 11 месеци оваа (јануари-ноември, 2020) година од и за аеродромите во Истанбул од кои се реализирани 321.642 слетувања и полетувања, се превезени вкупно 37 милиони 514 илјади 850 патници.

Според сумираните податоци од Државното претпријатие за менаџмент со аеродромските услуги (ДХМИ или DHMİ), во наведениот период од 11 месеци од и за Истанбулскиот Аеродром се реализирани  34.218 приватни и карго летови.

Летовите на Истанбулскиот аеродром се реализирани преку 9.499 домашни и 24.719 меѓународни линии.

На Аеродромот Сабиха Ѓокчен за 11 месеци од годината се остварени 78.073 домашни линии.

Патниците кои го користеа овој аеродром летаа во странство со 38.652 меѓународни линии. На овој аеродром се реализирани вкупно 116.725 летови.

На Истанбулскиот Аеродром во периодот јануари-ноември се реализирани 170.699 авионски летови од кои 56.043 на домашни линии, а 114 656 на меѓународни линии.

Во наведениот 11 месечен период од годината од аеродромите во Истанбул се реализирани вкупно 321.642 летови од кои 143.615 на домашни линии и 178.027 на меѓународни линии.

Со посредство на овие летови пак, се превезени вкупно 37 милиони 514 илјади 850 патници.



Слични вести