Турција од извозот на суви кајсии заработи 236 милиони 555 илјади долари
Турција во периодот јануари-ноември годинава од извозот на 81.364 тони суви кајсии од Малатја заработи приходи во износ од 236 милиони 555 илјади долари
1547951

Од Турција во периодот јануари-ноември годинава е остварен извоз на суви кајсии од градот Малатја 0во износ од 236 милиони 555 илјади долари.
И покрај епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) не се намалува брзината во надворешната продажба на кајсии од Малатја, како трет производ за кој е добиена регистрација на ознака за потекло т.ј. географска ознака кај Европската унија (ЕУ).
Според податоците на Трговската берза на Малатја, во градот во периодот јануари-ноември минатата (2019) година од остварениот извоз на 89.268 тони суви кајсии се заработени 227 милиони 757 илјади долари.
Во истиот период оваа (2020) година пак, е остварен извоз на 81.364 тони суви кајсии и се заработени приходи во износ од 236 милиони 555 илјади долари.