На 17 декември повторно почнуваат летовите Дубаи-Истанбул

Авиокомпанијата „Флај Дубаи“ со седиште во Дубаи, соопшти дека од аеродромот Сабиха Ѓокџен во Истанбул почнувајќи од 17 декември ќе бидат повторно започнати летовите Дубаи-Истанбул

1544790
На 17 декември повторно почнуваат летовите Дубаи-Истанбул

По пауза од 9 месеци повторно започнуваат авионските летови од Дубаи за Истанбул, коишто беа прекинати поради епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Авиокомпанијата „Флај Дубаи“ со седиште во Дубаи, соопшти дека од аеродромот Сабиха Ѓокџен во Истанбул почнувајќи од 17 декември ќе бидат повторно започнати летовите Дубаи-Истанбул.

Во соопштението се истакнува дека почнала продажбата на билети за авионските летови.

Инаку, Авиокомпанијата „Флај Дубаи“ од Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) со седиште во Дубаи, во рамките на мерките против епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) на 17 март 2020 година ги сопре своите летови за Истанбул.



Слични вести