Турција за 11 месеци во 2020 година оствари извоз на чај во износ од 15 милиони 452 илјади долари

Унијата на извозниците од Источноцрноморската област (ДКИБ) соопшти дека Турција за 11 месеци (во периодот јануари-ноември) оствари извоз на чај во 100 земји во светот во вкупен износ од 15 милиони 452 илјади 479 долари

1544190
Турција за 11 месеци во 2020 година оствари извоз на чај во износ од 15 милиони 452 илјади долари

Турција за 11 месеци (во периодот јануари-ноември) оствари извоз на чај во 100 земји во вкупен износ од 15 милиони 452 илјади 479 долари.

Според сумираните податоци на Унијата на извозниците од Источноцрноморската област (ДКИБ), во периодот јануари-ноември 2020 година од Турција е остварен извоз на 4.135 тони чај во 100 земји ширум светот.

Од овој реализиран извоз се заработени приходи во износ од 15 милиони 452 илјади 479 долари.

Во истиот период 11 месеци минатата (2019) година од извоз на 3.537 тони чај беа заработени 13 милиони 254 илјади 601 долар, со што оваа година е остварен раст на количинска и вредносна база од 17 отсто.

Меѓу земјите во кои е остварена најголема продажба на турски чај  на првите три места се наоѓаат Белгија, Германија и Холандија.

Во периодот од 11 месеци (јануари-ноември) годинава за Белгија е остварен извоз на чај во износ од 4 милиони 853 илјади 670 долари, за германија 2 милиони 186 илјади 036 долари и за Холандија 1 милион 219 илјади 267 долари.

Во наведениот период е остварен извоз на чај од Турција и во земји во кои во истиот период минатата година не е остварен чај, а тоа се Јемен, Бахамите, Индонезија, Габон, Буркина Фасо, Капе Верде, Естонија, Србија, Замбија, Виетнам и Маврициус.

 



Слични вести