Турскиот извозен воз за Кина пристигна во Баку

42 контејнери во возот беа натоварени на товарниот брод за пристаништето Актау во Казахстан.

1543505
Турскиот извозен воз за Кина пристигна во Баку

 

Првиот турски извозен воз кој пренесува товар од Турција до Кина, стигна во пристаништето Алат во Баку, главниот град на Азербејџан.

Првиот извозен воз, кој од Истанбул беше испратен со церемонија, стигна до меѓународното поморско трговско пристаниште во Алат, на 70 километри од Баку.

42 контејнери во возот беа натоварени на товарниот брод за пристаништето Актау во Казахстан.

Патувањето со возот натоварен со производи од бела техника, по Казахстан ќе заврши во кинескиот град Сиан.



Слични вести