Грант поддршка од Турција на низа земји

Во Службениот весник на Турција беа објавени посебните меморандуми за разбирање и договори кои што Турција ги потпиша со Турската Република Северен Кипар (ТРСК), Нигер, Конго, Нигерија, Тунис и Узбекистан

1543210
Грант поддршка од Турција на низа земји

 

Со стапувањето на сила на договорите коишто Турција ги потпиша во рамките на борбата против епидемијата, на низа земји им беше обезбедена грант помош во лекови како и финансиска поддршка.

Во Службениот весник на Турција беа објавени посебните меморандуми за разбирање и договори кои што Турција ги потпиша со Турската Република Северен Кипар (ТРСК), Нигер, Конго, Нигерија, Тунис и Узбекистан, а кои стапија на сила.

Во рамките на „Меморандумот за разбирање за грант во полето на здравството“, Турција на ТРСК ќе и додели грант од 200 кутии Фавипиравир, 5 илјади вакцини Превенар 13, 500 комада ППВ 23 вакцина против пневмокок, на Нигер 1 респиратор,  на Република Конго 2 респиратори, на Нигерија 10 илјади кутии хидроксихлорокин и 2.500 кутии Фавипиравир.

Исто така, Турција на Тунис ќе и обезбеди финансиски придонес во вид на грант кој ќе биде помал од 5 илјади американски долари. Договорот ќе стапи на сила по датумот на пристигнувањето на последното писмено известување дека двете земји ги завршиле внатрешните правни процедури потребни за стапување на сила на договорот за грант.



Слични вести