Кападокија во ноември ја посетија 87 илјади 700 туристи

Музеите и археолошките локалитети во областа Кападокија во Невшехир, во месец ноември оваа (2020) година ја посетија вкупно 87 илјади 700 туристи

1541636
Кападокија во ноември ја посетија 87 илјади 700 туристи

Музеите и археолошките локалитети во областа Кападокија во Невшехир, која е позната по природните конусни форми самовилските оџаци, природните карпести формации, историските манастири, цркви и капели издлабени во карпи, како и подземните населени места, во месец ноември оваа (2020) година ја посетија вкупно 87 илјади 700 туристи.

Областа се наоѓа на Списокот на Светското културно наследство на Oрганизацијата за oбразование, наука и култура на Обединетите нации (УНЕСКО), а исто така освен по своите извонредни историски, културни и природни убавини е обожавана и посетувана од страна на туристите и со балоните со топол воздух, како и други алтернативни туристички патувања.

Областа Кападокија минатиот месец (ноември) пречека илјадници домашни и странски посетители.

Според податоците на Дирекцијата за култура и туризам на Невшехир, во месец ноември музеите и археолошките локалитети на Кападокија ги посетија 87 илјади 700 туристи од кои археолошкиот локалитет Зелве го посетија 25 илјади 745 посетители, Музејот под отворено небо Ѓореме 23 илјади 709, додека подземниот град Кајмакли 12 илјади 775 посетители.



Слични вести