Извозот на свежо овошје и зеленчук на Турција достигна до 2 милијарди 325 милиони 821 илјада долари

Турција во периодот јануари-ноември годинава за 11 месеци оствари извоз на свежо овошје и зеленчук во износ од 2 милијарди 325 милиони 821 илјада долари што претставува раст од 22 отсто во споредба со истиот период минатата година

1541768
Извозот на свежо овошје и зеленчук на Турција достигна до 2 милијарди 325 милиони 821 илјада долари

Извозот на свежо овошје и зеленчук на Турција во периодот јануари-ноември годинава со раст од 22 отсто достигна до 2 милијарди 325 милиони 821 илјада долари.

Според сумираните податоци од Унијата на извозниците од Средоземноморската област, извозот на свежо овошје и зеленчук во периодот јануари-ноември оваа (2020) година во споредба со истиот период минатата (2019) година на количинска база оствари раст од приближно 8 отсто, а на вредносна база раст од 22 отсто.

Износот на извозот на свежо овошје и зеленчук кој минатата година за 11 месеци изнесуваше 1 милијарда 909 милиони 997 илјади долари, оваа година во истиот период од 11 месеци се зголеми на 2 милијарди 325 милиони 821 илјада долари.

Приближно 48 отсто од надворешната продажба е остварена во земјите на Заедницата на Независните Држави, 31 отсто во земјите на Европската унија (ЕУ) и 12 отсто во земјите на Блискиот исток.

Руската Федерација како локомотивен пазар на извозот на свежо овошје и зеленчук на Турција со 778 милиони 297 илјади долари стана земја во која е остварена најголема надворешна продажба во периодот јануари-ноември.

По Русија следуваат Германија со извоз од 233 милиони 710 илјади долари, Ирак 175 милиони 121 илјада долари, Украина 151 милион 460 илјади долари, Романија со извоз од 148 милиони 50 илјади долари.

Градот Мерсин како складиште за свежо овошје и зеленчук на Турција, со реализирана надворешна продажба за 11 месеци во износ од 537 милиони 813 илјади долари се најде на прво место меѓу градовите кои обезбедија најмногу девизни приходи.

По Мерсин градот лидер во извозот на свежо овошје и зеленчук на Турција, следуваат Анталија, Хатај, Измир и Трабзон.



Слични вести