Караисмаилоглу: Во 2021 г. почнуваме со сериско производство на сетот национален електричен воз на Турција

Министерот за транспорт и инфраструктура Адил Караисмаилоглу информира дека ќе  започне производството на сетот национален електричен воз на Турција

1540879
Караисмаилоглу: Во 2021 г. почнуваме со сериско производство на сетот национален електричен воз на Турција

Министерот за транспорт и инфраструктура Адил Караисмаилоглу информира дека ќе  започне производството на сетот национален електричен воз на Турција.

Министерот Караисмаилоглу во дадената изјава за време на остварената посета на регионалната дирекција во Сакарја на компанијата Возила со железнички систем на Турција „TÜRASAŞ“ го рече следното: „Започна производството на сетот национален електричен воз, како еден друг проект којшто создава понос кај сите нас. Во 2021 година почнуваме со сериско производство на двата сета чиј прототип е спуштен на шините во првата половина на 2020 година. Сетот на националниот перифериски воз е едниот од најубавите, најнеопходните проекти чие производство на прототипот ќе започне во 2021 година од страна на „TÜRASAŞ“. Работите за дизајнирање на проектот на брз воз со брзина на движење од 225 километри на час, ќе продолжат и во 2021 година.“

Министерот за транспорт и инфраструктура Адил Караисмаилоглу, освен тоа во врска со првиот извозен воз којшто од Турција тргна за Кина, го рече следното: „Моментално нашиот воз е пред пристигнување во Кајсери. Заклучно со утре ќе излезе од нашата земја и го продолжува своето патување за Кина коешто ќе трае 12 дена.“



Слични вести