Ердоган: „Успешно закрепнува економијата на Турција“

Земјите со силна здравствена инфраструктура и систем за социјално осигурување како што е Турција, многу полесно управуваат со деструктивното влијание на коронавирусот

1540995
Ердоган: „Успешно закрепнува економијата на Турција“

 

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека во период на епидемијата на новиот вид коронавирус (Ковид-19) кога голем број земји доживуваат економска стагнација, турската економија успешно се справува со процесот на закрепнување.

Ердоган испрати видео порака до „Меѓународниот самит за инвестиции“ што се одржа под покровителство на Здружението на меѓународни инвеститори (ЈАСЕД).

Ердоган во пораката рече дека земјите со силна здравствена инфраструктура и систем за социјално осигурување како што е Турција, многу полесно управуваат со деструктивното влијание на коронавирусот, кој неповолно влијае врз целиот свет и продолжува да се шири со голема брзина.

„Во период кога поради епидемијата на Ковид-19 голем број земји доживуваат економска стагнација, турската економија успешно се справува со процесот на закрепнување. Силната стапка на раст која што ја постигнавме во третиот квартал ја оценуваме како значаен показател за успехот во овој период. Турција е земја која нуди значителни предности на меѓународните инвеститори кои бараат алтернатива на производната мрежа со седиште во Азија.

Според паритетот на куповната моќ, ние сме 13-та по големина земја во светот и 7-та по големина во ОЕЦД (Организација за економски соработка и развој). Ние сме 6-та најпосетувана земја во светот, секоја година сме домаќини на повеќе од 50 милиони посетители. Во рангирањето на Светскиот банка од аспект на индексот за леснотија за водење бизнис во последните две години се искачивме за 27 скалила.

Во период на намалени странски директни инвестиции во светот, Турција е една од ретките земји којшто ги зголеми своите инвестиции. Со дополнителните реформи ќе се подобри инвестициската средина“ рече претседателот Ердоган упатувајќи повик до инвеститорите во светот со следните зборови:

„Дојдете и убедете се во турското гостопримство“.



Слични вести