Трабзон од извозот на лешници заработи околу 178,2 милиони долари
Трабзон од извозот на лешници во периодот септември-ноември заработи приходи во износ од 178 милиони 217 илјади 872 долари
1540430

Турција во периодот септември-ноември од годината од остварениот извоз на 81.421 тон лешници заработи приходи во износ од 557 милиони 596 илјади 680 долари.
Од подрачјето на градот Трабзон во Црноморската област пак, во периодот септември-ноември е остварен извоз на лешници во 52 земји во светот.
Фирмите од Трабзон во наведениот период од извозот на 26.460 тони лешници заработија девизни средства во износ од 178 милиони 217 илјади 872 долари. На тој начин фирмите од Трабзон реализираа 32 отсто од аспект на заработените приходи од вкупниот извоз на лешници.
Бројот на земјите во кои е остварен извоз на лешници од подрачјето на градот Трабзон во новата извозна сезона изнесува 52.
Најмногу лешници се продадени на Италија, Германија и Франција.