Анталија оваа година заклучно со ноември ја посетија 3,38 милиони туристи
Бројот на туристите кои дојдоа за поминување на својот одмор во Анталија од почетокот на годината до 30 ноември достигна до 3 милиони 382 илјади 485 лица

Бројот на туристите кои оваа година дојдоа за одмор во Анталија заклучно со месец ноември достигна до 3 милиони 382 илјади 485 лица.
Во период кога светот води борба против новиот тип коронавирус (Ковид-19), познатиот туристички центар Анталија кој се оценува како престолнина на туризмот на Турција, продолжува да ги пречекува туристите кои доаѓаат од голем број различни земји.
Бројот на туристите кои дојдоа за поминување на својот одмор во Анталија од почетокот на годината до 30 ноември достигна до 3 милиони 382 илјади 485 лица.
На прво место по бројот меѓу странските посетители кои допатуваа во Анталија се наоѓаат руските туристи со 1 милион 474 илјади 186 лица. По Русија, редум следуваат Украина со 555 илјади 954, Германија со 341 217 и Англија со 209 илјади 673 лица.
Во Анталија која во рамките на преземените превентивни мерки против новиот тип коронавирус (Ковид-19) нуди здрава и безбедна туристичка услуга и покрај тоа што се наоѓаме на крајот на сезоната во месец ноември дојдоа 105 илјади 856 туристи од кои 71 илјада 607 Руси и 5 илјади 732 Германци.
Слични вести

Извозот на обработен природен камен на Турција ја надмина бројката од 1 милијарда долари
САД со 325 милиони долари го зазедоа првото место во извозот на обработен природен камен

Најмногу извоз на цитруси во 2020 оствари мандарината
Минатата година беше остварен извоз на цитруси од 933 милиони долари