Турската економија и покрај пандемијата во третиот квартал од годината оствари раст од 6,7 отсто

Институцијата за статистика на Турција (ТУИК) соопшти дека Турската економија во третиот квартал од оваа година (јули-септември, 2020) во споредба со истиот период минатата (2019) година оствари раст од 6,7 отсто

1536756
Турската економија и покрај пандемијата во третиот квартал од годината оствари раст од 6,7 отсто

Турската економија во третиот квартал од оваа (2020) година оствари раст од 6,7 отсто.

Институцијата за статистика на Турција (ТУИК), ги соопшти резултатите од бруто домашниот производ (БДП) во врска со третиот квартал од годината (јули-септември, 2020).

Според тоа, во третиот квартал од годината бруто домашниот производ и покрај негативните влијанија на пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во споредба со истиот квартал минатата (2019) година оствари раст од 6,7 отсто.

Кога ќе се анализираат секторите коишто го сочинуваат бруто домашниот производ (БДП), во третиот квартал од годината во споредба со истиот период минатата година во финансиските и осигурителните активности е забележан раст 41,1 отсто, во активностите за информации и комуникација раст од 15 отсто, индустријата 8 отсто, градежништвото 6,4 отсто, земјоделството 6,2 отсто, активностите во други услуги раст од 6 отсто, во активностите за недвижнини 2,8 отсто, активностите на јавната администрација, образованието, здравјето на луѓето и социјалните услуги раст од 2,4 отсто и во услугите раст од 0,8 отсто.



Слични вести