Туркиш ерлајнс ќе основа нова карго фирма

Новата компанија за воздушен транспорт на карго пратките ќе биде основана со цел да се зголеми фокусот на работењето со карго, да се зајакне позицијата на Туркиш карго (Turkish Cargo) на највисоко ниво меѓу најважните играчи во секторот

1536036
Туркиш ерлајнс ќе основа нова карго фирма

 

Турската авиокомпанија Туркиш ерлајнс (ТХЈ) ќе основа нова карго компанија.

Во соопштението кое беше објавено од страна на ТХЈ во рамките на Платформата за информирање на јавноста беше истакнато дека Управниот одбор донесе одлука за основање на компанија за воздушен карго со 100 процентно учество на самата компанија ТХЈ.

Во соопштението беше наведено дека новата компанија за воздушен транспорт на карго пратките ќе биде основана со цел да се зголеми фокусот на работењето со карго, да се зајакне позицијата на Туркиш карго (Turkish Cargo) на највисоко ниво меѓу најважните играчи во секторот со искористување на уникатната конкурентска предност и да се создаде посебна платформа за потенцијални стратешки меѓународни партнерства во иднина.



Слични вести