Турција од извозот на црноморски лосос за 10 месеци заработи 26,75 милиони долари
Од црноморската област на Турција во периодот јануари-октомври 2020 година, за 10 месеци, е остварен извоз на 5.958 тони црноморски лосос и од тоа се заработени приходи во износ од 26 милиони 752 илјади долари

Црноморскиот лосос се извезува во 8 земји низ светот, а пред се во Руската Федерација.
Од црноморската област на Турција во периодот јануари-октомври 2020 година, за 10 месеци, е остварен извоз на 5.958 тони црноморски лосос и од тоа се заработени приходи во износ од 26 милиони 752 илјади долари.
Во истиот период (јануари-октомври) и во минатата (2019) година од областа се извезени 3.147 тони црноморски лосос и се обезбедени приходи во износ од 18 милиони 799 илјади долари.
Според тоа, извозот на црноморски лосос оваа година во периодот од 10 месеци (јануари-октомври) во споредба со истиот период минатата година на количинска база оствари раст од 89 отсто, а на вредносна база раст од 42 отсто.
Земји во кои е остварен најголем извоз на црноморски лосос редум се Руската Федерација, Виетнам и Грузија.
Претседателот на Комитетот на секоторот за морска храна при Унијата на извозниците од источно-црноморската област (ДКИБ или DKİB) Исмаил Кобја истакна дека Руската Федерација е најзначајниот пазар во извозот на црноморскиот лосос.
Тој рече: „Овој период, за разлика од минатата година, е остварен извоз на црноморски лосос и во Полска, Франција, Холандија и Белорусија. Со секој поминат ден расте заинтересираноста кон турската морска храна.“
Слични вести

Извозот на обработен природен камен на Турција ја надмина бројката од 1 милијарда долари
САД со 325 милиони долари го зазедоа првото место во извозот на обработен природен камен

Најмногу извоз на цитруси во 2020 оствари мандарината
Минатата година беше остварен извоз на цитруси од 933 милиони долари