Турција ги остави зад себе европските земји во обновливата енергија

Министерот за енергија и природни ресурси Фатих Донмез истакна дека Турција ги остави зад себе европските земји во обновливата енергија

1532896
Турција ги остави зад себе европските земји во обновливата енергија

Турција ги остави зад себе европските земји во обновливата енергија.

Министерот за енергија и природни ресурси Фатих Донмез, преку видео-конференција учествуваше на „Енергетскиот поглед на Турција: Специјална презентација на енерегетскиот самит на Турција“, подготвена од страна на Меѓународниот енергетски и климатски самит при Универзитетот Сабанџи во Истанбул.

Велејќи дека Турција фрла значајни чекори во обновливата енергија, Донмез истакна дека делот на обновливата енергија во вкупната инсталирана моќ е зголемен на 60 отсто.

Фатих Донмез информира дека производството на електрична струја од домашна и обновлива енергија во месец април изнесуваше 79,6 отсто.

„Ова се регистрирани како највисоки вредности на месечна база од 2000-та година досега. Од аспект на растот на капацитетот на обновливата енергија во делот на домашните извори во производството на електрична струја, се наоѓаме на 15-то место во светот, на 5-то место во Европа. Количината на обновливата инсталирана моќ којашто ја ставивме во погон оваа година, е поголема од инсталираната моќ на обновлива енергија на 17 земји во Европа.“

Министерот за енергија и природни ресурси Фатих Донмез воедно подвлече дека Турција фрла значајни чекори за да стане регионален центар во инфраструктурата и на пазарите на природниот гас.

Донмез укажа и на тоа дека со откривањето на природен гас во Црното Море кон овој процес веќе ќе биде вклучен и домашниот гас.



Слични вести