Источно-црноморската област на Турција за 10 месеци од извозот на морска храна заработи 44, 2 милиони долари

Од источно-црноморската област на Турција во периодот јануари-октомври оваа (2020) година е остварен извоз на морска храна во 12 земји во светот во износ од 44 милиони 237 илјади 460 долари

1532761
Источно-црноморската област на Турција за 10 месеци од извозот на морска храна заработи 44, 2 милиони долари

Од источно-црноморската област на Турција во периодот јануари-октомври оваа (2020) година, за 10 месеци, е остварен извоз на морска храна во износ од 44 милиони 237 илјади 460 долари.

Според сумираните податоци од страна на Унијата на извозниците од источно-црноморската област (ДКИБ или DKİB), од источно-црноморската област на Турција во периодот јануари-септември им е продадена 9.915 тони морска храна на 12 земји во светот.

Од овој остварен извоз се заработени приходи во износ од 44 милиони 237 илјади 460 долари. 

Земји во кои е реализирана најголема надворешна продажба на марска храна се Руската Федерација, Виетнам и Грузија.

Од источно-црноморската област за 10 месеци е остварен извоз на 8.012 тони морска храна за Русија и од овој извоз се заработени приходи во износ од 37 милиони 436 илјади 072 долари.

По Руската Федерација следуваат Виетнам со извоз од 3 милиони 047 илјади 238 долари и Грузија со 1 милион 585 илјади 882 долари.



Слични вести