Турција од извозот на мандарини за 10 месеци заработи приходи од 174 милиони долари

Претседателот на Националниот совет за цитрусно овошје Кемал Качмаз истакна дека во периодот јануари-октомври од извозот на 337 илјади тони мандарини се заработени девизни приходи во износ од 174 милиони долари

1531559
Турција од извозот на мандарини за 10 месеци заработи приходи од 174 милиони долари

Извозот на мандарини на Турција во периодот јануари-октомври оваа (2020) година со раст од приближно 47 отсто на годишна база се зголеми на 174 милиони долари. 

Претседателот на Националниот совет за цитрусно овошје Кемал Качмаз истакна дека минатата (2019) година во периодот јануари-октомври од извозот на 281 илјада тони мандарини се заработени приходи во износ од 119 милиони долари.

Велејќи дека во оваа сезона се постигнати позитивни случувања во извозот, Качмаз рече: „За 10 месеци оваа година од извозот на 337 илјади тони мандарини се заработени девизни приходи во износ од 174 милиони долари. Според истиот период минатата година на количинска база е постигнат раст од 20 отсто, а на вредносна база раст од 47 отсто. Растот во извозот на мандарини ги израдува нашите претставници во секторот и нашите производители.“

Качмаз истакна дека Русија е земјата во која е реализиран најголем извоз на мандарина периодот јануари-октомври и го рече следното: „По Русија следуваат Украина, Ирак, Полска и Србија. Турските мандарини се дојдени во положба на барани производи во целиот свет. Продолжуваат нашите активности за зголемување на нашиот извоз во земјите во Далечниот исток. Имаме за цел да реализираме поголем извоз во земјите како што се Јапонија, Индија, Малезија и Кина.“

 



Слични вести