Виктор Орбан стави вето на Буџетот и програмата за спасување на ЕУ

Ветото што го стави неговата земја е во согласност со правото

1530143
Виктор Орбан стави вето на Буџетот и програмата за спасување на ЕУ

 

Унгарскиот премиер Виктор Орбан рече дека ставија вето на Буџетот на Европската унија (ЕУ) и програмата за спасување со образложение дека „земјите коишто не сакаат да прифатат имигранти, може да бидат уценети“.

Орбан во изјава за Унгарската новинска агенција (МТИ) рече дека ветото што го стави неговата земја на вкупниот буџет на ЕУ од 1,8 трилиони евра и програмата за спасување против економските последици од новиот вид коронавирус (Ковид-19) којашто беше подготвена е во согласност со правото.

Оценувајќи дека одбиваат да бидат фондовите на ЕУ да бидат приврзани кон владеењето на правото, Орбан рече:

„Ако сегашниот предлог биде прифатен, нема да има пречка во поврзувањето на парите што треба да им се дадат на земјите-членки со имиграциската поддршка, а со тоа и земјите што одбиваат имиграција, ќе бидат уценети преку овие фондови“.

Премиерот Орбан истакна дека „неговата земја е отворена за соработка, во согласност со принципот на транспарентност и е подготвена на компромис од самиот почеток и дека исто така го почитува владеењето на правото“.



Слични вести