Раст на индустриското производство на Турција во септември 2020

Институцијата за статистика на Турција (ТУИК) ги соопшти резултатите на индексот на индустриското производство во месец септемврии 2020 година

1527076
Раст на индустриското производство на Турција во септември 2020

Индексот на индустриското производство на Турција во месец септември годинава (2020), на месечна база оствари раст од 1,7 отсто, а на годишна база 8,1 отсто.

Институцијата за статистика на Турција (ТУИК) ги соопшти резултатите на индексот на индустриското производство во месец септемврии 2020 година.

Според тоа, индустриското производство во септември во споредба со претходниот месец август оствари раст од 1,7 отсто.

Индустриското производство септември оваа (2020) година во споредба со истиот месец минатата (2019) година оствари раст од 8,1 отсто, додека на годишна база оствари раст од 11,17 отсто.

Индексот во секторите на рударство и каменоломство во септември, во споредба со претходниот месец август забележа раст од 3,2 отсто, индексот во секторот на производствената индустрија раст од 1,4 отсто, а индексот во секторите на електричната енергија, гасот, пареата и производството и дистрибуцијата на климатизација забележа раст од 4,2 отсто.

 



Слични вести