Извоз на калинки од западносредоземноморската област на Турција од 20 милиони 180 илјади долари

Во периодот 1 јануари-31 октомври годинава од западносредоземноморската област на Турција е остварен извоз на калинки во износ од 20 милиони 180 илјади долари, од кои поголемиот дел од градот Анталија

1526502
Извоз на калинки од западносредоземноморската област на Турција од 20 милиони 180 илјади долари

Од западносредоземноморската област на Турција во периодот јануари-октомври (за 10 месеци) 2020 година е остварен извоз во висина од од 20 милиони 180 илјади долари.

Според сумираните податоци од Унијата на извозниците од западносредоземноморската област кадешто заземаат место градовите како Анталија, Испарта и Бурдур, во периодот 1 јануари-31 октомври годинава е остварен извоз на калинки во износ од 20 милиони 180 илјади долари од кои поголемиот дел од градот Анталија.

Извозот на калинки е реализиран во текот на целата година, со исклучок на јуни и јули.

Според тоа, во јануари е остварена надворешна продажба на калинки во износ од 6 милиони 20 илјади 656 долари, во февруари 4 милиони 792 илјади 223 долари, март 1 милион 736 илјади 133 долари, април 345 илјади 103 долари, мај 19 илјади 311 долари, август 27 илјади 972 долари, септември 967 илјади 225 долари и во октомври 6 милиони 91 илјада 376 долари.

 



Слични вести