Министерот Варанк: Економските политики на Турција фокусирани на резултат и стабилност ќе продолжат со несмалена брзина

Министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк рече: Под лудерство на нашиот претседател нашите одлучни економски политики фокусирани на резултат и стабилност ќе продолжат со несмалена брзина

1524542
Министерот Варанк: Економските политики на Турција фокусирани на резултат и стабилност ќе продолжат со несмалена брзина

Министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк преку видеоконференција учествуваше на отворањето на Виртуелниот саем SAHA EXPO и во говорот што го одржа овде истакна дека одлучните економски политики на Турција фокусирани на резултат и стабилност ќе продолжат со несмалена брзина. 

"Ги продолжуваме работите со нашите заинтересирани страни во јавниот и приватниот сектор за уште повеќе зајакнување на средината на инвестирање." - рече Варанк.

Велејќи "Со Координациониот совет за подобрување на средината на инвестирање (YOİKK) ќе се зголеми уште повеќе предвидливоста, уште еднаш ќе му докажеме на целиот свет дека Турција е безбедно пристаниште", министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк го рече следното: "Под лидерство на нашиот претседател нашите одлучни економски политики фокусирани на резултат и стабилност ќе продолжат со несмалена брзина."



Слични вести