Епидемијата на Ковид-19 го зголемува извозниот потенцијал на Турција

Турција и Јужна Кореја се меѓу земјите победнички

1524083
Епидемијата на Ковид-19 го зголемува извозниот потенцијал на Турција

 

Кризата предизвикана од избувнувањето на епидемијата на новиот вид на коронавирус (Ковид-19), којашто светската економија ја доведе на работ на бездната, привлекува внимание со потенцијалот за понатамошно зголемување на извозот на Турција.

Ковид-19, кој им се заканува на здравјето на луѓето како и кономиите, предизвика невиден колапс во економиите кој не беа забележани од Втората светска војна наваму.

Додека производството во фабриките во многу земји се искачи на степен на запирање, некои малопродажни компании мораа да ги затворат своите продавници. За само неколку недели низ целиот свет беа изгубени 500 милиони работни места.

Додека Ковид-19 ја уништува неофицијалната хиерархија во глобалната економија, економиите како Кина се издвојуваат како релативни „победници“ на кризата, додека економиите на Европската унија (ЕУ) се истакнуваат како „губитници“.

Според истражувањето спроведено од инвестициската банка УБС, со седиште во Цирих, Кина во периодот од 2019 до 2021 година се очекува да го зголеми својот удел на пазарот во глобалното економско производство за приближно 9 проценти.

ЕУ поради кризата Ковид-19 во периодот од 2019 до 2021 година се очекува да изгуби 3,5 проценти од учеството во глобалната економија,.

Покрај ЕУ, меѓу губитниците се и Русија и Велика Британија, која се бори со Брегзит, како и со Ковид-19.

Турција и Јужна Кореја се меѓу земјите победнички, додека најголемата економија во светот, Соединетите Американски Држави (САД) оваа позиција приближно ќе може да ја сочува следната година.



Слични вести