Турција за 10 месеци оствари извоз во Балканските земји во висина од 10 милијарди 213,6 милиони долари

Турција во Балканските земји, во Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Црна Гора, Косово, Романија, Србија, Словенија и Грција, за 10 месеци оствари извоз во висина од 10 милијарди 213 милиони 600 илјади долари

1523921
Турција за 10 месеци оствари извоз во Балканските земји во висина од 10 милијарди 213,6 милиони долари

Турција во периодот јануари-октомври, за 10 месеци годинава (2020) оствари извоз во Балканските земји во висина од 10 милијарди 213 милиони 600 илјади долари. 

Според сумираните податоци од Собранието на извозниците на Турција (ТИМ), во Балканските земји, во Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Црна Гора, Косово, Романија, Србија, Словенија и Грција, за 10 месеци (периодот јануари-октомври) е остварен извоз во висина од 10 милијарди 213 милиони 600 илјади долари.

Во наведениот период јануари-октомври најголемиот извоз меѓу Балканските земји е остварен во Романија во износ од 3 милијарди 47 милиони 600 илјади долари.

По Романија редум следуваат Бугарија со 1 милијарда 991 милион 200 илјади долари, Грција со 1 милијарда 391 милион 200 илјади долари и Словенија со 1 милијарда 261 милион 100 илјади долари.

Во истиот период од 10 месеци годинава (2020) од Турција во Србија е остварен извоз во висина од 797 милиони 200 илјади долари, во Албанија 371 милион 600 илјади долари, Босна и Херцеговина 350 милиони 700 илјади долари, Северна Македонија 320 милиони 200 илјади долари, Хрватска 318 милиони 100 илјади долари, Косово 280 милиони долари и во Црна Гора 84 милиони 800 илјади долари.

Според секторите во кои е реализиран извоз во земјите од Балканот во периодот јануари-октомври 2020 година од аспект на големината на надворешната продажба на прво место се наоѓа автомобилската индустрија.

Извозот на секторот во Балканските земји овој период изнесува 2 милијарди 71 милиони 800 илјади долари.

По автомобилската индустрија според големината на извозот следуваат хемиските супстанции и производи со 1 милијарда 487 милиони 300 илјади долари, челикот со 1 милијарда 61 милион 900 илјади долари, железото и металите вон железото со 754 милиони долари и текстилот и негови суровини со извоз од 747 милиони 400 илјади долари.

 



Слични вести