Турција од извозот на цитрусно овошје за 2 месеци заработи приходи во износ од 17,7 милиони долари
Во првите 2 месеци од извозната сезона на цитрусно овошје којашто започна на 1 септември, од извозот на 36.273 тони производи се обезбедени приходи во износ од 17 милиони 740 илјади 811 долари.

Во периодот септември-октомври, за 2 месеци во извозната сезона 2020-2021 година од Турција е остварен извоз на цитрусно овошје во 41 земја.
Според сумираните податоци од Унијата на извозниците од Источно-црноморската област, во првите 2 месеци од извозната сезона на цитрусно овошје којашто започна на 1 септември, од извозот на 36.273 тони производи се заработени приходи во износ од 17 милиони 740 илјади 811 долари.
Меѓу земјите во кои е остварен извоз на цитрусно овошје во 41 земја на прво место се наоѓа Руската Федерација.
Во периодот септември-октомври на Руската Федерација и се продадени 24.614 тони цитрусно овошје од што се заработени приходи во износ од 12 милиони 232 илјади 342 долари.
Во извозот на цитрусно овошје, по Русија следуваат Украина со 1 милион 487 илјади 665 долари и Ирак со 762 илјади 131 долари.
Различно од истиот период минатата сезона, им е продадено цитрусно овошје и на земји како што се Грција, Словачка, Либан, Белгија, Америка и Данска.