Областа Кападокија во октомври ја посетија 175 илјади 612 туристи

Областа Кападокија, како еден од значајните природни, историски и културни центри на Турција, во месец октомври годинава (2020) ја посетија вкупно 175 илјади 612 туристи

1522624
Областа Кападокија во октомври ја посетија 175 илјади 612 туристи

Областа Кападокија , како еден од значајните природни, историски и културни центри на Турција, во месец октомври годинава (2020) ја посетија вкупно 175 илјади 612 туристи.

Кападокија која е позната по своите долини со конусните карпести форми познати како самовилски оџаци и природните камени форми, историските манастири, црквите и капелите вдлабени во карпите (меките вулкански карпи), подземните градови и населби и патувањата со балоните со топол воздух, како и други алтернативни туристички патувања, продолжува да го привлекува вниманието на туристите.

Со сиве овие наброени убавини Кападокија минатиот месец (октомври) стана најпосетуван период.

Според податоците на Дирекцијата за култура и туризам на Невшехир, музите и археолошките локалитети во областа во јануари ги посетија 159.245 туристи, во февруари 106.021, март 57.628, јуни 16.791, јули 80.220, август 158 800, септември 120.107 и во октомври 175.612 туристи.

Најголем број посети за 10 месеци во Кападокија, со 244.605 лица се остварени на Музејот под отоврено небо Ѓореме.

Археолошкиот локалитет Зелве го прошетаа 208.841 посетители, а подземниот град Кајмакли 114.758 посетители.

 



Слични вести