Министерката за трговија Рухсар Пекџан: Нов рекорд во месечниот извоз на Турција во октомври

Министерката за трговија Рухсар Пекџан рече: Нашиот извоз во месец октомври со раст од 5,6 отсто изнесува 17 милијарди 333 милиони долари. Оваа бројка, е највисока бројка на месечен извоз којашто е постигната до денеска.“

1520281
Министерката за трговија Рухсар Пекџан: Нов рекорд во месечниот извоз на Турција во октомври

Нов рекорд во извозот на Турција...

Министерката за трговија Рухсар Пекџан информира дека Турција ја постигна највисоката бројка на месечен извоз досега.

„Како Турција го зачувуваме нашиот капацитет во извозот, со нови и историски рекорди напредуваме со силни чекори во правец на нашите цели. Нашиот извоз во месец октомври со раст од 5,6 отсто изнесува 17 милијарди 333 милиони долари. Оваа бројка, е највисока бројка на месечен извоз којашто е постигната до денеска.“ - рече министерката Пекџан.

Велејќи дека остварениот извоз во месец октомври го потврдува тоа дека Турција ќе се најде меѓу земјите кои ќе ја надминат пандемијата со најмала можна штета, и земјите кои ќе се опорават најбрзо, Рухсар Пекџан напомена дека во наведениот месец (октомври) и увозот со раст од 8,5 отсто изнесува 19 милијарди 729 милиони долари и дека 87,8 отсто од увозот се состојат од суровини (необработени материјали) и стоки за инвестирање. 

Министерката за трговија Рухсар Пекџан додаде дека надворешниот трговски обем во месец октомври изнесува 37 милијарди 62 милиони долари, така што и процентот на дебалансот на извозот и увозот од 87,9 отсто достигна до највисоката бројка во 2020 година.



Слични вести