Министерот Албајрак рече: „Глобалните компании имаат потреба од партнери како што е Турција“

Турција со силната производствена база, обучените човечки ресурси, со својата стратешка локација и логистичка инфраструктура нуди посебни можности за инвеститорите

1517004
Министерот Албајрак рече: „Глобалните компании имаат потреба од партнери како што е Турција“

 

Министерот за трезор и финансии Берат Албајрак рече дека „Глобалните компании имаат потреба од партнери како што е Турција“.

Албајрак на состанокот преку видео конференција со меѓународните инвеститори рече дека „Голем број мултинационални компании своето производство од Азија започнаа да го насочуваат кон нашиот регион.

Глобалните компании во овој период имаат потреба за непристрасни, отпорни на шокови, сигурни, динамични партнери  како што е Турција.

Турција со силната производствена база, обучените човечки ресурси, со својата стратешка локација и логистичка инфраструктура нуди посебни можности за инвеститорите.

Берат Албајрак, веројатно најсилната страна на Турција; Тој рече дека има логистичка предност, да се биде на раскрсницата од 3 континенти, млада популација и образована работна сила.

Турција со брзиот економски раст, постојаното зголемување на бруто домашниот производ (БДП) за 3 пати во рок од 20 години и растечката куповна моќ на средната класа е голем пазар.

Напредокот на Турција од аспект на индексот за брзо и лесно деловно работење кон првите редови, исто така обезбедува многу предности за странските инвеститори“ рече Албајрак.



Слични вести