Турција од извозот на лимони во септември 2020 г. заработи приходи од приближно 29 милиони долари

Турција во месец септември оваа година оствари извоз на 49 илјади тони лимони во износ од приближно 29 милиони долари, што во споредба со истиот месец минатата година претставува раст од 81 отсто во количинска база и 107 отсто раст во вреднносна база

1513346
Турција од извозот на лимони во септември 2020 г. заработи приходи од приближно 29 милиони долари

Во извозот на лимони на Турција во месец септември годинава (2020), во споредба со истиот месец минатата (2019) година на количинска база е остварен раст од 81 ости, а на вредносна база раст од 107 отсто.

Според сумираните податоци од Унијата на извозниците од Средоземноморската област (AKİB), во месец септември минатата (2019) година е остварен извоз на 27 илјади тони лимони од Турција, додека во септември оваа (2020) година со раст од 81 отсто е реализирана надворешна продажба на 49 илјади тони лимони.

Во наведениот месец минатата (2019) година од извозот на лимони се заработени приходи во висина од приближно 14 милиони долари, додека истиот месец (септември) оваа (2020) година со раст од дури 107 отсто е остварен извоз на лимони во вредност од приближно 29 милиони долари. 

Земја во која е остварен најголем извоз на лимони од Турција е Ирак, а потоа редум следуваат Полска, Руската Федерација, Романија и Србија.

Од друга страна, е забележан раст и во извозот на лимони во септември во земјите на Европската унија (ЕУ).

Во тие рамки, најголем извоз е остварен во Италија, Обединетото Кралство, Холандија, Полска и Германија.



Слични вести