Од Црноморската област на Турција за 9 месеци е остварен извоз во Русија од 168,6 милиони долари

Од 18 градови од Црноморската област на Турција, во периодот јануари-септември се извезени 147 илјади 767 тони производи од кои се заработени приходи во вкупен износ од 168 милиони 663 илјади 465 долари

1513428
Од Црноморската област на Турција за 9 месеци е остварен извоз во Русија од 168,6 милиони долари

Од 18 градови од Црноморската област на Турција во периодот јануари-септември оваа (2020) година во Руската Федерација е остварен извоз во висина од 168,6 милиони долари.

Градот Трабзон за 9 месеци годинава со реализиран извоз од 99 милиони 621 илјада 376 долари во Руската Федерација се најде на првото место меѓу градовите во Црноморската област.

Според сумирани податоци од Унијата на извозниците од Источно-црноморската област (DKİB), од 18 градови од Црноморската област на Турција во периодот јануари-септември се извезени 147 илјади 767 тони производи од кои се заработени приходи во износ од 168 милиони 663 илјади 465 долари.

Во наведениот период градот Трабзон со 99 милиони 621 илјада 376 долари оствари 59 отсто од реализираниот извоз од областа во Русија. 

Од Трабзон за 9 месеци (во периодот јануари-септември) е остварен 83 илјади 460 тони извоз во Русија.

За 9 месеци годинава, од Трабзон најголем извоз во Руската Федерација е остварен во свежо овојшје и зеленчук, морска храна и лешници и производи од лешници.

Во периодот јануари-септември во Русија се извезени 86 милиони 62 илјади 828 долари свежо овошје и зеленчук, 10 милиони 62 илјади 79 долари морска храна и 1 милион 990 илјади 448 долари лешници и производи од лешници.

По градот Трабзон, градови од Црноморската област од кои е реализиран најголем извоз во Русија се Самсун со 27 милиони 971 илјада 483 долари и Ризе со 22 милиони 103 илјади 255 долари.

 



Слични вести