Групата „ОПЕК +“ потенцира на значењето на договорот за намалување на производството

Заврши 23-от состанок на Заедничкиот министерски комитет за следење (ЗМКС) на кој прекu видео конференција присуствуваа министрите за енергија и нафта од групата „ОПЕК +“

1512418
Групата „ОПЕК +“ потенцира на значењето на договорот за намалување на производството

 

Групата „ОПЕК +“, составена од Организацијата на земји извознички на нафта (ОПЕК) и некои земји што произведуваат нафта а кои не се членки на ОПЕК, ја изразија целосната посветеност на „договорот за намалување на производството“, постигнат во април.

Заврши 23-от состанок на Заедничкиот министерски комитет за следење (ЗМКС) на кој прекu видео конференција присуствуваа министрите за енергија и нафта од групата „ОПЕК +“.

Во писменото соопштение кое беше објавено по состанокот беше истакнато дека министрите разговарале за месечниот извештај подготвен од техничкиот комитет, како и за развојот на случувањата на нафтените пазари и предвидувањата за 2021 година.

Во соопштението беше направен осврт на позитивниот придонес на земјите членки на групата „ОПЕК +“ со постигнување на договорот за намалување на производството постигнат во април, кој позитивно се одрази на пазарите. Комитетот за мониторинг ја потврди заложбата сите земји-членки целосно да ги почитуваат своите обврски (во рамките на договорот) и дека целосно ќе ги исполнат плановите за компензација доставени до Комитетот до декември 2020 година“.

Следниот состанок на ЗМКС на ОПЕК ќе се одржи на 17 ноември.



Слични вести