Од Ризе за 9 месеци е остварен извоз на чај во 29 земји во вредност од околу 6,4 милиони долари

Според сумираните податоци на Унијата на извозниците од Источно-црноморската област (ДКИБ), за 9 месеци годинава (јануари-септември, 2020) од градот Ризе е остварен извоз на 2.023 тони чај во 29 земји низ светот во износ од 6 милиони 428 илјади 49 долари

1511711
Од Ризе за 9 месеци е остварен извоз на чај во 29 земји во вредност од околу 6,4 милиони долари

За 9 месеци годинава (јануари-септември, 2020) од градот Ризе на Турција е остварен извоз на чај во 29 земји низ светот, во вкупна вредност од 6 милиони 428 илјади 49 долари.

Според сумираните податоци на Унијата на извозниците од Источно-црноморската област (ДКИБ), во периодот јануари-септември 2020 година од Турција е остварен извоз на 3.109 тони чај во 97 земји ширум светот и од тоа се заработени приходи во износ од вкупно 12 милиони 182 илјади 162 долари.

Од наведениот извоз на чај 65 отсто во количинска и 53 отсто во вредносна база е реализиран од фирми со седиште во градот Ризе.

Според тоа, во наведениот период од 9 месеци (јануари-септември) од градот Ризе е остварен извоз на 2.023 тони чај во 29 земји низ светот во износ од 6 милиони 428 илјади 49 долари.

Земји во кои е реализиран најголем извоз на чај се Белгија, Соединетите Американски Држави (САД) и Саудиска Арабија.

Од градот Ризе за 9 месеци е остварен извоз на чај во Белгија во износ од 3 милиони 733 илјади 236 долари, во Соединетите Американски Држави (САД) од 558 илјади 488 долари и во Саудиска Арабија од 335 илјади 292 долари.

Меѓу другите различни земји во кои е остварен извоз на час од Ризе за 9 месеци оваа година се наоѓаат Северна Македонија, Швајцарија, Катар, Бугарија, Јордан, Јапонија, Панама, Малта, Таџикистан и Тајван.



Слични вести