Министерот Албајрак за соопштените нови резерви гас: Целиот свет ќе ја следи Турција со восхит

Министерот за трезор и финансии Берат Албајрак истакна дека додека потегот за национална енергија чекор по чекор ќе ги дава своите плодови целиот свет ќе ја Турција со восхит

1510960
Министерот Албајрак за соопштените нови резерви гас: Целиот свет ќе ја следи Турција со восхит

Министерот за трезор и финансии Берат Албајрак на својот профил на социјалната мрежа Твитер сподели објава во врска со откриените вкупно 405 милијарди метри кубни резерви на природен гас во зоната Дунав-1 во полето Сакарја во Црното море.

Албајрак истакна дека додека потегот за национална енергија чекор по чекор ќе ги дава своите плодови целиот свет ќе ја Турција со восхит.

Министерот Албајрак на својот порфил напиша: „Тоа е судбина, Господ да не сакаше да се пронајде, немаше да дозволи да се бара. Додека потегот за национална енергија чекор по чекор ги дава своите плодови целиот свет ќе следи го следи тоа како една по една се спасуваме од прангите коишто сакаат да ни се постават.“

Инаку, Турција во месец август во Црното Море откри 320 милијарди метри кубни резерви на природен гас. 

Денескаод страна на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган е соопштено дека заедно со уште дополнителни 85 милијарди метри кубни вкупните откриени резерви на природен гас достигнаа до 405 милијарди кубни метри. 



Слични вести