Турција за 9 месеци во 2020 г. им продаде мед на 45 земји во износ од над 18 милиони долари

Според податоците на Унијата на извозниците од Источно-црноморската област (DKİP), во периодот јануари-септември 2020 година е остварен извоз на 4.101 тон мед од кои се заработени приходи во износ од 18 милиони 196 илјади 233 долари

1510387
Турција за 9 месеци во 2020 г. им продаде мед на 45 земји во износ од над 18 милиони долари

Турција за 9 месеци годинава (2020) на 45 земји им продаде мед во износ од над 18 милиони долари.

Според податоците на Унијата на извозниците од Источно-црноморската област (DKİP), во периодот јануари-септември 2020 година е остварен извоз на 4.101 тон мед. Од овој извоз се заработени приходи во износ од 18 милиони 196 илјади 233 долари.

Во истиот период минтата година од извозот на 3.556 тони мед беа заработени приходи од 15 милиони 672 илјади 422 долари.

Според тоа извозот на мед за 9 месеци во оваа година, во спофредба со истиот 9 месечен период минатата година, во количинска база оствари раст од 15 отсто, а на вредносна база раст од 16 отсто. 

Земји во кои е остварен најголем извоз на мед од Турција редум се Германија, Соединетите Американски Држави (САД) и Саудиска Арабија.

Меѓу 45 земји во кои е остварен извоз на мед од Турција, а во кои не беше остварен извоз во наведениот период (јануари-септември) минатата година се најдоа и земји како што се Полска, Јемен, Бангладеш, Унгарија, Џибути, Данска, Филиините, Швајцарија, Панама, Кејп Верде, Република Јужна Кореја и Гвинеја.



Слични вести