Грчки Питсос ќе се префрли во Турција

И компанијата „Free Now Group“ која е во сопственост на автомобилската фирма „BMW“ и „Daimler“, на 28 февруари ја оконча оперативната работа во Грција

1509389
Грчки Питсос ќе се префрли во Турција

 

Бош Сименс Хаусгерат (БСХ) – Питсос соопшти дека производните операции од Грција ќе ги преселат во Турција.

Во соопштението кое беше објавено од страна на БСХ – Питсос беше истакнато дека компанијата, производствените активности во Грција ќе ги прекине на 31 декември и дека со операциите ќе продолжи во Турција.

Компанијата Питсос, основана во 1865 година во Грција и која претежно произведува бела техника, на 1 јануари 2015 година беше продадена на конзорциумот составен од Бош и Сименс за цена од 3 милијарди евра.

И компанијата „Free Now Group“ која е во сопственост на автомобилската фирма „BMW“ и „Daimler“, на 28 февруари ја оконча оперативната работа во Грција.

Компанијата за брза храна „Пица Хут“ на 30 јули затвори 17 продавници во Грција.



Слични вести